Според податоците на Државниот завод за статистика, во периодот јануари – јуни 2019 година, вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесува 3,9 милијарди денари, што е за 345,1 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година.
Во наведениот период, градежната оператива од Република Северна Македонија во странство извршила градежни работи во вкупна вредност од 76,7 милиони денари, што е за 88.5 % помалку во споредба со истиот период од претходната година.
Големиот пад на вредноста на извршените градежни работи се должи на завршувањето на градежните активности на објектите во Босна и Херцеговина на крајот од минатата година.
Во истиот период е забележан зголемен обем на извршените градежни работи во Германија, Црна Гора и Бугарија.
Фото: Министерство за транспорт и врски