еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

УЈП ќе ги „чешла“ фирмите поврзани со “Рекет“ и Меѓународниот сојуз на Боки 13

Управата за јавни приходи (УЈП) до петок ќе даде налози за отпочнување на контроли кај физичките и правните лица поврзани со случајот „Рекет“, најави денеска директорката на УЈП Сања Лукаревска.

-Ќе постапиме во делот кој се однесува на даноците. До петок би требало да ги дадеме налозите за отпочување на контролата во Меѓународниот сојуз, 1ТВ, БМЈ груп и сите останати даночни обврзници за кои преку анализите сме утврдиле дека постоеле одредени деловни односи и соработка. Ќе направиме и контрола на сите засегнати физички лица во телата и органите на Меѓународниот сојуз за кои ќе ги утврдиме и исплатите кои се правени, рече Лукаревска во одговор на прашање на денешата прес-конференција во УЈП.

Таа прецизира дека физичките лица ќе бидат контролирани по основ на остварените приходи и по основ на Законот за персонален данок, а останатите даночни обврзници преку ДДВ, данок на добивка, пресметки, деловни односи, задржан данок,…

-Преку исплатите што ги правел Меѓународниот сојуз ќе видиме на чија сметка од физичките лица се легнати тие пари и дали воопшто се пријавени. Доколку се утврдат даночни затајувања УЈП ќе започне постапки за потекло на имот, посочи Лукаревска.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Академик Живко Попов е нов претседател на МАНУ

Редакција

Против државата се водат арбитражни постапки во вредност од 1,365 милијарди евра, последните две покренати во јули и август

Редакција

Ништо не се крие во преговорите со Бугарија, на маса е португалскиот предлог којшто е добра основа за решение, вели Заев

Редакција