еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Високи оценки за девет премиум вина на „Tikveš Châteaux & Domaines”

Дури девет вина од бренд платформата на „Тиквеш“ – „Tikveš Châteaux & Domaines“ добија високи оценки од познатиот независен вински критичар Џеб Данак (Jeb Dunnuck), кој произлегува од тимот на „Wine Advocate“ на прочуениот вински експерт Роберт Паркер.

Инаку, шест од оценетите вина од страна на Данак добија над 90 поени, оценки кои традиционално се резервирани за премиум вина од најпознатите вински региони во светот.

Меѓу наградените вина, шест се од македонските вински локалитети на „Тиквеш“ – црвеното „Barovo 2016“, белото „Barovo 2018“, црвеното „Bela Voda 2016“ кое доби високи 93 поени од можни 100, белото „Bela Voda 2018“, „Domaine Lepovo Grand Cuvèe 2016“ и „Domaine Lepovo Chardonnay 2018“.

Џеб Данак им даде високи оценки и на три вина од француската винарница „Château de Gourdon”, која ВВ „Тиквеш“ ја презеде минатата година и претставува дел од бренд-платформата „Tikveš Châteaux & Domaines”. Тоа се белите „Fontaine du Sud 2018“ и „Terrasse au Soleil 2018“ и црвеното „Vase de Pierre 2017“. Ова е особено важно, ако се земе предвид дека две од овие вина се од првата берба на француската винарница откако со неа раководи енолошкиот тим на „Тиквеш“. Вината од „Château de Gourdon” од пролетта годинава се достапни и на македонскиот пазар.

Џеб Данак е светски афирмиран независен вински критичар, кој преку својата платформа JebDunnuck.com за консументите нуди сеопфатно вреднување на премиум вина, избегнувајќи ги „маркетиншките приказни“ и водејќи се исклучиво според нивниот квалитет. Тој објавува критички осврти за најсофистицираните вина од Калифорнија, Вашингтон, Јужна Франција и Бордо, истовремено истражувајќи ги богатите вински вкусови од целиот свет. Својата кариера ја започнал во тимот на светски реномираниот вински критичар и т.н. застапник на винските консументи во САД, Роберт Паркер.

Високите оценки од Роберт Паркер за премиум  вината на „Тиквеш“ резултираа со извоз и пласман на пазарот во Соединетите Американски Држави преку еден од најпознатите увозници на вино „European Cellars“. САД е најголемиот и најконкурентен увозен пазар на вино во светот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Хуманиот Александар Ѓеорѓиевски обезбеди дом за мајка со три деца

Редакција

(Фото) Голема изложба на детски цртежи на тема штедење и безбедност во сообраќајот во НЛБ Банка

Редакција

Осигурителните компании доделија стипендии и можност за вработување за 12 студенти со висок просек на Економски факултет – Скопје

Редакција