еМагазин
Image default
Македонија

Обвинителката од СЈО, Стефанова вели дека истрагата за „Империја“ застанала, нема овластување да побара каде е Камчев

Истрагата за случајот „Империја“ застана по донесувањето на начелното правно мислење и затоа е потребно што побрзо донесување на Законот за јавно обвинителство, изјави јавната обвинителка Лиле Стефанова.

– Нема друго решение. Само новите одредби кои ќе го вклопат СЈО и ќе му дадат право на редовното Јавно обвинителство да ги презема сите дејствија и во овие предмети, истакна Стефанова.

Прашана дали се следи имотот на Орце Камчев и дали има одмрзнувања, Стефанова, нагласи дека се е замрзнато и ништо не одмрзнато.

– Имаме известувања за сите дејствија кои ги презема Јордан Камчев, како претходно управител и член на управен одбор и преземаме законски дејствија кои можеме да ги преземаме во овој момент, изјави Стефанова.

Во однос на информациите дека Камчев е во соседна Бугарија, Стефанова, кажа дека нема овластување да побара каде е Јордан Камчев и повторно побара побрзо носење на Закон за јавно обвинителство.

– Во овој момент редовното јавно обвинителство не може да преземе ништо во дејствијата од предметите на СЈО. Таков е законот, изјави Стефанова.

Прашана дали со притворот на Катица Јанева постои можност да паднат сите предмети на СЈО, Стефанова, рече дека не постои таква можност.

– Предметите ги работеа десет јавни обвинители и верувам дека се сите работени како што е потребно, изјави Стефанова.

Нагласи дека немало спогодба за случајот „Империја“, бидејќи не се донела таква одлука, но имало намера да има спогодба.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Судот и ја отфрли жалбата на Јанева за определениот притвор

За синот на Катица Јанева нема доволно докази дека е вмешан во „Рекет“

Колкава затворска казна може да добие Јанева, доколку биде осудена за „Рекет“?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Толку беше од САД: Мичиген ја тргна прокламацијата за македонско наследство од веб-страницата, бугарскиот конзул во Чикаго се жалел

Редакција

Градоначалникот на Вевчани позитивен на Ковид 19

Редакција

Убава вест: Оздравени 355 болни од Ковид-19

Редакција