еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Толку беше од САД: Мичиген ја тргна прокламацијата за македонско наследство од веб-страницата, бугарскиот конзул во Чикаго се жалел

Гласот на Америка на македонски јазик објави дека генералниот конзул на Бугарија во Чикаго, Светослав Станков, испратил писмо до канцеларијата на гувернерката на сојузната американска држава Мичиген, Гречен Витмер, во кое реагирал за прогласувањето на септември оваа година за месец на македонско-американското наследство таму.

Тој бара средба со нејзиниот тим за да се најде решение за заштита на наследството на македонско-бугарската заедница во Мичиген, оти, како што вели, растела загриженоста дека прокламацијата ќе се искористи „за унапредување на себичните цели на северномакедонските националисти, вклучително и за културно присвојување на наследството на бугарските Американци“.

Во прокламацијата минатиот месец Витмер напиша дека е важно да се истакне придонесот и културното влијание на македонските Американци, кои придонесуваат за американската култура преку „бизнис, спорт, уметност, политика, медицина, право, култура, кулинарски вештини и бројни други области“.

Прокламацијата повеќе не може да се најде на веб-страницата на гувернерката Витмер.

„Прво би го истакнал добро познатиот факт дека Македонија е географски регион, кој спаѓа во територијата на четири различни суверени држави: Бугарија, Грција, Албанија и Северна Македонија (поранешна југословенска република, независна од 1991 година).

Терминот „македонски“ немаше и не може да носи никаква референца на конкретнa македонскa етничка група во годините пред 1944 година“, се вели во писмото.

Станков вели дека тој и бугарската заедница во САД се загрижени оти прокламацијата навела дека над половина милион Американци со македонско потекло живеат во САД, без да ја прецизира нивната етничка припадност или периодот на пристигнување во САД.

Според него, таквата „генерализација без извори ги храни културните обиди за присвојување на современите северномакедонски националисти“.

Тој објаснува и дека по „комунистичкото преземање на Југославија по 1944 година, комунистичката власт насилно промовираше нова македонска етничката припадност со цел да се обезбеди социјална и политичка кохезија. Прекувремено, дел од населението го прифати овој идентитет“.

Гласот на Америка на македонски побарал коментар за писмото и од бугарскиот конзул Станков и од гувернерката на Мичиген, но до објавување на текстот не добиле одговор.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Почина еден од најпознатите македонски композитори, Кире Костов

Редакција

Боки 13 на судењето за „Рекет“ побара одземените капути, чизми, очила, круната… да му се донесат во судница

Редакција

Ќе биде ли Зоки-Кичеец сведок против Боки 13 и Катица Јанева во случајот „Рекет“?

Редакција