еМагазин
Image default
Македонија

Манчевски до АВМУ и до медиумските организации: Според кои стандарди „Инфомакс“ е медиум?

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски се огласи по повод медиумското третирање на протекувањето на информации за случајот „Рекет“, како и соопштението на АВМУ до јавноста во кое се вели „Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги повикува политичарите да се воздржат од тужби кон медиумите и да не ја загрозуваат слободата на изразување. Најавите за тужби претставуваат директен притисок врз работата на медиумите особено кога известуваат за теми од висок степен на јавен интерес“.

„Според кој стандарди „Инфомакс“ е медиум? Нема адреса, нема импресум, не се знае сопственоста… Класичен пример на извор за лажни вести.

На порталот има реклама – линк до бугарскиот мобилен оператор Теленор. Текстот е на руски јазик. Хаос. Техничка грешка или некој плаќа за ваква реклама?

Прашањето го упатувам и до медиумските организации кои повикаа политичарите да не реагираат на вакви класични примери на лажни вести. Тогаш се прашувам кој. Кога веќе конечно ќе ја видиме таа саморегулација?

И ААВМУ одлучи да застане во одбрана на лажните вести и на фантомските портали. И покрај тоа што цело време ААВМУ тврди дека не може да врши никаков надзор над порталите.

Веќе знам и дека дел од коментарите на постот ќе бидат зошто нешто не превземеме. Одговорот е дека работиме согласно закон и дека веднаш ќе се протолкува како притисок. Свесен сум дека за многумина ова не е она што сакаат да го слушнат, ама тоа е вистината.

А, за вистината и стандардите во медиумите…? Се уште верувам дека саморегулацијата ќе даде резултати. Се надевам во мојот животен век“, напиша Манчевски на неговиот фејсбук-профил.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој го сликаше записникот за сведочењето на Камчев за „Рекет“?

ЗНМ и СЕММ: Функционерите да се воздржат од тужби за новинари, медиумите да бидат професионални

Ременски и сопругот ќе се приклучат кон тужбата на Заев, Димитров и Шекеринска

Заев најави тужба за клевета за случајот „Рекет“

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бугарскиот парламент усвои резолуција за Македонија во која се осудува насилството врз македонските Бугари

Редакција

Вулнет Мурсели кандидат за градоначалник на Тетово од коалицијата на Алијанса за Албанците и Алтернатива

Редакција

Во Арачиново не се плаќа ни данок ни комунални такси од фирмите, утврди Државна ревизија

Редакција