еМагазин
Image default
Македонија

ЗНМ и СЕММ: Функционерите да се воздржат од тужби за новинари, медиумите да бидат професионални

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) сметаат дека јавните функционери треба да се воздржат од тужби за новинари.

„Патот кон професионализацијата на медиумите треба да се води преку саморегулаторните тела. Во согласност со добрата практика на европските земји, прагот на толеранција кај политичарите мора да e повисок и тие треба да постават пример за квалитетно користење на механизмите и телата за саморегулација“, велат од ЗНМ.

Во исто време ЗНМ и СЕММ ги повикуваат медиумите да се држат до професионалните стандарди при известувањето, објавувајќи проверени и точни информации, следејќи го јавниот интерес, а не во полза на пропагандистички наративи.

„Апелираме до медиумите да се стремат да ги почитуваат врвните професионални и етички стандарди, бидејќи кршењето на тие стандарди не е во ничиј интерес, а најмалку во полза на довербата во медиумите.

Дополнително, праќаме порака до Основното јавно обвинителство дека непримерно е да дава оценка за тоа кои медиуми се (не)одговорни, потсетувајќи дека тоа е работа на еснафот и на публиката“, се додава во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ременски и сопругот ќе се приклучат кон тужбата на Заев, Димитров и Шекеринска

И Шекеринска најави тужба за „Рекет“

Заев најави тужба за клевета за случајот „Рекет“

Димитров: Одвратна инсинуација дека сум вмешан во „Рекет“, прв пат ќе тужам

Фото: ССК

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Судењето за тужбата на Заев против Николовски одложено за 20 ноември

Редакција

Нефи Усеини во домашна изолација поради Ковид-19, одложено третото судското рочиште

Редакција

23 лица биле на возраст од 30 до 59 години: Бројот на смртни случаи од Ковид-19 се зголемил за 22,5% за една недела

Редакција