еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Рускоска ја потврди веродостојноста само на првата страна од записникот за сведочењето на Камчев, кој заврши во медиумите

Од ОЈО за гонење на организран криминал ја потврди автентичноста само на објавената фотографија од првата страница од записникот од сведочењето на бизнисменот Јордан Камчев за случајот „Рекет“, објави порталот на 360 Степени.

Во тој дел, Камчев раскажува за почетокот на средбите со Бојан Јовановски (Боки 13) и нивната првична комуникација.

Но, шефицата на ОЈО за гонење на организиран криминал, Вилма Рускоска, не ги потврдува останатите наводни делови од сведочењето на Камчев кои ги објавија дел од медиумите иако тие не можат да се прочитаат од единствената објавена страница, пишува порталот.

„Обвинителката Русковска ја потврдува веродостојноста на сликата од објавениот записник. Останатите заклучоци и коментари на авторот, како што веќе беше истакнато во соопштението на обвинителството, нема да ги коментира. Оригиналните списи од предметот ги поседува само обвинителството а копија од нив беше доставена до надлежниот суд“, велат од ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција.

Телевизијата Алсат, пак повикувајќи се упатен извор во Јавното обвинителство, објави дека дел од објавеното во медиумите, „ниту го има во записникот, ниту пак произлегува од содржината на записникот“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ременски и сопругот ќе се приклучат кон тужбата на Заев, Димитров и Шекеринска

Заев најави тужба за клевета за случајот „Рекет“

Димитров: Одвратна инсинуација дека сум вмешан во „Рекет“, прв пат ќе тужам

И Шекеринска најави тужба за „Рекет“

Фото: Телма

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Аутомобиле СК“ го доби тендерот на Центарот за јавно здравје Велес за набавка на товарни возила

Редакција

„Која мајка изгубила син… у МЕПСО и ЕЛЕМ ќе си ги најде“: Твитер „прегреа„

Редакција

Телма: Миленкоски помогнал бегство на македонски државјанин, а не на ерменски бизнисмен

Редакција