еМагазин
Image default
Македонија

И Шекеринска најави тужба за „Рекет“

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска најави тужба заради клевета, поради текстот на „Република“ во кој таа се посочува како директен учесник во „Рекет“.

„Ќе ја тужам „Република“ за нејзините лаги, затоа што реакции до нив се непотребни и залудни. Сите знаеме дека, со секој од своите непотпишани текстови, си одработува за своите „непознати“ газди.

Газдите ни ја крадеа државата, тие, пак, имаа задача да ја лажат. Лажат и манипулираат со јасна цел која ја гледаме на дело секој ден во судовите: да ги оневозможат, попречат или одложат сите постапки за криминалот, корупцијата и злоупотребите кои ги чувме во „бомбите” и видовме на дело претходните 10 години.

Создадоа мафијашка структура која одземаше фирми и уништуваше животи преку ноќ, која контролираше, уценуваше и плаќаше новинари, која знаеше само да потплаќа, купува и продава… и сега сака да избега од правдата и одговорноста. Што ќе прави? Истото тоа, но со повеќе лаги и повеќе пари. Не успеаја досега. Нема ни сега“, напиша Шекеринска на нејзиниот фејсбук-профил.

ПОВРЗНИ ВЕСТИ

Рускоска ја потврди веродостојноста само на првата страна од записникот за сведочењето на Камчев, кој заврши во медиумите

Ременски и сопругот ќе се приклучат кон тужбата на Заев, Димитров и Шекеринска

Заев најави тужба за клевета за случајот „Рекет“

Димитров: Одвратна инсинуација дека сум вмешан во „Рекет“, прв пат ќе тужам

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Евакуирани жители на неколку куќи од Кокино: Гори борова, дабова и нискостеблеста шума

Редакција

Убава вест: 245 оздравени од Ковид-19

Редакција

Мал број ученици се заболени од Ковид-19, вели Филипче

Редакција