Иницијатива за пошумување на пределот што изгоре во пожарите што ја зафатија околината на Велес се споделува на социјалните мрежи.
„Почитувани сограѓани и пријатели, исправени сме пред голем предизвик во нашиот град. Пожарот изгоре голем дел од шумата во нашата околина. Штетата засега е непроценлива и неповратно направена. Не е време за препукувања, ни за ширење дефетизам, ни за фрлање клетви, ни за плачење.
Идејата ми е дека мораме да се организираме и да го пошумиме Велес и околните (голи) ридишта и да го обновиме изгубеното од пожарите. За таа цел има многу планирање, организација, трчање, тропање по врати и многу работа.
Не сум експерт за пошумување, ниту за тоа каков тип на насади најмногу би успеал, ниту кога се садат. Ама верувам дека можеме да се организираме, а за оперативниот дел сите можеме да фатиме по една лопата, сигурен сум дека ќе добиеме поддршка и од други градови.
Во моментов сум гневен на ситуацијата, но истовремено присебен и да се обидам да ја кренам свесноста за сериозноста и да се мобилизираме за одлучна акција.
Да се координираме со општинските власти, да добиеме насоки за активности, да издејствуваме садници (багреми на пример), ако треба и на повисоко ниво ќе алармираме, ќе побараме поддршка од државата, а најголемата поддршка ќе ни треба за самото насадување од граѓаните.
Се работи за чист воздух, за квалитетот на нашето живеење, за нашите деца и идните поколенија. Ве молам споделете за да ја рашириме оваа идеја, а за конкретни мерки и чекори ќе објавиме дополнително. Со почит кон сите вас и со љубов кон природата, пишува на својот Фејсбук профил Зоран Николов.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(ВИДЕО) Како изгледа околината на езерото Младост ден по големиот пожар кај Велес
(ВИДЕО) Вознемирувачка снимка од пожарот кај Велес
(ВИДЕО) Сообраќајот се пренасочува: Пожарот се симна до автопатот Скопје-Велес
Фото:Фејсбук/Во Велес