еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Која е процедурата за разрешување на Катица Јанева

За да започне постапката за разрешување на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, Советот на јавни обвинители треба да изготви Извештај кој ќе го достави до Собранието.

„Советот треба да изготви Извештај со утврдена фактичка состојба и да го достави до Собранието, кое, согласно своите надлежности, понатаму да ја продолжи постапката. До овој момент едногласна е одлуката дека ќе започнеме постапка за разрешување, и ќе се обидеме во текот на денешниот ден да го завршиме Извештајот, кој денеска или утре ќе го доставиме до Собранието“, изјави претседателот на Советот, Коле Штерјев.

Тој дополни дека Извештајот ќе содржи еден дел од исказите кои според нив се значајни за Собранието да има перцепција и утврдени факти за да може понатаму да одлучи, да предложи до Советот разрешување или нема да предложи.

„Ќе содржи доволно податоци кои законот ги бара за да може да почне постапката“, дополни Штерјев.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Советот на јавни обвинители одлучи да почне постапката за разрешување на Јанева

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пристапот на ЕУ „вие испорачувате, ние испорачуваме“ мора да важи, вели германската амбасадорка Холштајн

Редакција

Апелација ја укина првостепената пресуда за „Организатори на 27 Април“, случајот вратен на повторно судење

Редакција

НАТО стои на ставот дека нема да се инволвира во војната во Украина, ризикот е преголем

Редакција