еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

По повод 8-ми Септември Кузмановски и Момировски ќе возат велосипед цели 110 километри

По повод 8-ми Септември, Денот на независноста, Сојуз на спортови на Скопје ја организира осмата историска велосипедска тура. Таа ќе започне на 1. септември 2019 во 09.00 часот кога Ѓорги Кузмановски и Дејан Момировски – Денда ќе тргнат од Маврови Анови преку Дебар до Струга.

Патеката на Кузмановски и Момировски е долга 110 километри и се планира тие да се во Дебар во 10.30 часот, а да пристигнат во Струга во периодот од 13.30 до 14.00 часот. Учесници во турата се долгогодишниот тренер, велосипедист и спортски работник проф. Ѓорги Кузмановски кој е на 78 годишна возраст и велосипедист и тренер Дејан Момировски – Денда кој има 52 години.

Ѓорги и Дејан покажуваат истрајност и пожртвуваност со цел да го прослават Денот на независноста во духот на спортските активности и да ги мотивираат граѓаните да бидат активни, посебно спортски, во секоја доба од животот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Анима Мунди до општините поднесе предлог Програма за решавање на проблемот со бездомните кучиња

Редакција

(Видео) Хуманитарна акција: Бесплатен леб за сиромашни во Општина Чаир

Редакција

(Видео+фото) Накитена подводната новогодишна елка во Охридско езеро

Редакција