Претседателот Стево Пендаровски на неговиот фејсбук-профил објави фотографија од емотивна средба со неговата прва учителка Борка Палифровска.
„Се потсетивме на првите лекции и ученици, а 83-годишната Борка се сеќава на сите нас, по име и по презиме. Уште поголемо изненадување за мене беа црно – белите фотографии коишто ги чува за спомен, стари повеќе од 40 години.
Ми раскажа дека веќе 25 години е во пензија, а времето го поминува покрај со читање и со своите деца и внуци. Борка е доказ дека првите учетелки ги памтиме доживотно. Покрај преубавите спомени, ме испрати и со малку грозје од нејзиниот двор.
И посакувам долг век и пак да се видиме за некоја година да поразговараме“, напиша Пендаровски на неговиот фејсбук-профил.
фото: Фејсбук/Пендаровски