еМагазин
Image default
Бизнис

Проектирани 1,9 милијарди евра за „ГАМА“, решението до крајот на годината

Со ребалансот на Буџетот се проектирани околу 1,9 милијарда евра за „ГАМА“. Постапката на договарање со „Макпетрол“ се уште трае, а решението се очекува до крајот на годината, соопшти вчера премиерот Зоран Заев.

Одговорајќи на новинарски прашања на прес-конференција во Владата, Заев нагласи дека државата ќе стане сто отсто сопственик на целиот гасоводен систем.

-Правиме ребаланс на буџетот, ребалансот мора да ги проектира ваквите средства. Се уште трае постапката на договарање со „ГАМА“, односно со „Макпетрол“. Знам дека се надминати работите, тоа со Правобранителството е конечно одлучено, правно постапките се завршени, се прават конечните проценки со Заводот за судско вештачење.

Формирано е „ГАМА“ со основачки капитал, една акција на државата, една на „Макпетрол“. Вредноста на „ГАМА“ е јасно утврдена и колку се инвестирало плус. Со законско решение ќе настапиме во Парламентот за ваквата одлука. Но, кога го правиме ребалансот, ние мислеме дека до крајот на годината ќе можеме тоа да го решиме, објасни премиерот.

Според него, не може некој да биде и снабдувач, и дистрибутер.

-Уште еднаш да напоменам, државата ќе стане сто отсто сопственик на целиот гасоводниот систем. „МЕР“ и „ГАМА“ ќе ги споиме. Автоматски ги решаваме крупните прашања кои ни се обврска согласно Европската енертетска заеница, но и според Законот за енергетика од мај 2018 година.

Во едно такво решение ќе може конечно нациналниот оператор, дистрибутер, „МЕР“ да стане единствен сопственик и да ги добие лиценците кои веќе ги има „ГАМА“ или да аплицира за свои и да пушти гас во тоа што е изградено, до Штип, Велес, Прилеп, Скопје, Тетово, Гостивар,.. но, и да го продлжиме проектот со интерконекторот со Грција каде се конектираме на ТАВ.

Тоа ни е обврска по Европската енертетска заеница. Не може некој да биде ем снабдувач, ем дистрибутер. Проценките се јасни колку вреди „ГАМА“, ние сме испроектирале отприлика 1,9 милијарда евра, напомена Заев.

МИА/Фото: Министерство за транспорт и врски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ќе трае три години: Субвенционираното покачување на плати ќе важи за сите вработени

Ребаланс на буџетот: Капиталните инвестиции намалени за 50 милиони евра, на што се крати?

Усвоен ребалансот на Буџетот: Пари за повисоки плати, вработувања, лекови…

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Министерствата и општините најмногу кријат информации за своите финансии

Редакција

„Витаминка“ ги зголеми приходите и вработи 23 лица во првите шест месеци од 2019 година

Редакција

Стопанска банка Скопје работи согласно законите и јасно дефинираните права на сите родови на акции

Редакција