На 05.09.2019 во 08.55 часот на ул.„Радишанска“ во Скопје, мопед „Хонда“ без регистарски ознаки, управуван од В.Д.(18) од Скопје, удрил во малолетник од Скопје, информира МВР.
Во незгодата, детето се здобило со повреди и било пренесено во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ каде му била укажана лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.