еМагазин
Image default
Локално

Ловџија од невнимание застрелал колега при лов на диви свињи во битолско

На 08.09.2019 околу 22,30 часот во СВР Битола било пријавено дека во с.Габалавци,битолско на место викано „Бакици-нива“, Р.М.(38) од с.Габалавци заедно со Љ.Н.(56) и Г.А.(33) и двајцата од с.Логоварди,битолско се упатиле кон нива сопственост на Р.М, информира МВР.

„Љ.Н. со себе понел и ловечка пушка за која поседувал дозвола со цел лов на диви свињи. Кога стигнале на местото на настанот Г.А. останал во патничкото моторно возило во сопственост на Р.М.,додека Р.М. и Љ.Н. се упатиле кон нивата, при што околу 23,00 часот, според пријавеното, Љ.Н.  испукал кон Р.М., според пријавеното, од невнимание“, соопшти МВР.

Р.М. бил пренесен во Клиничката болница во Битола каде му била укажана лекарска помош, а увид на местото на настанот извршила екипа од  СВР Битола.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Јавниот превоз во Скопје ќе сообраќа до 20 часот, а билетарниците ќе работат до 18.30 часот

Редакција

Исчезна 15-годишно девојче од Аеродром

Редакција

Кривична пријава за седум лица за насилството и пукањето на Матка

Редакција