еМагазин
Image default
Локално

Јавниот превоз во Скопје ќе сообраќа до 20 часот, а билетарниците ќе работат до 18.30 часот

Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) информира дека од денеска, вторник (6.04.2021 година) до вторник (20.04.2021 година), јавниот превоз ќе сообраќа до 20 часот, а билетарниците и центрите за персонализација ќе работат до 18.30 часот.

Режимот на јавниот превоз е согласно последната одлука на Влада на РСМ за забрана на движење на населението во период од 20 до 5 часот, почнувајќи од денеска.

Ве потсетуваме дека и натаму не важи бесплатниот превоз за возрасни лица во вторник, петок, сабота и недела, времено укинати се и трите автобуски линии (25, 25А и 25Б) што сообраќаат до Средно Водно, туристичката линија „Сити тур“, а не работи ниту Жичарницата,“ се вели во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Првпат во сезонава утре ќе работи новата шестоседна жичница „Лајтнер“ на Попова Шапка

Редакција

Скопски моторџија тешко повреден во судар со автомобил

Редакција

Нова љубовна приказна во Зоолошката градина: Се засакаа лавот Жика и лавицата Акети

Редакција