еМагазин
Локално

Првпат во сезонава утре ќе работи новата шестоседна жичница „Лајтнер“ на Попова Шапка

Од утре првпат за оваа сезона ја пуштаме со работа новата шестоседна жичница „Лајтнер“ во Ски-центарот „Попова Шапка“, а користењето на шестоседот на првиот ден на пуштањето е бесплатно за панорамски разглед за посетителите на Попова Шапка, информираат од „ЕЛЕМ Турс“, кој стопанисува со зимскиот центар.

– Станува збор за супермодерна жичница, единствена од ваков вид во земјава. Должината на трасата на жичницата е 1.510 метри, со максимален капацитет за транспорт од 2.400 скијачи на час.

Шестоседната жичница е позиционирана на локацијата од Мал Јелак до врвот на ски-лифтот Ајдучка Рамнина (поранешно Ге). По трасата на новата жичница ќе се овозможат нови ски-патеки во должина од над три километри, велат од „ЕЛЕМ Турс“.

Останатите денови, додаваат, шестоседната жичница ќе работи редовно, како и останатите ски-лифтови и жичници од 9 до 15:30 часот.

Цената за едно возење на шестоседната жичница од сабота е 150 денари. За сите билети во Ски-центарот се наплаќа повратна кауција во висина од 200 денари.

– Новата жичница со постојните ски-лифтови и жичници ќе овозможи подобар и побрз проток на скијачи и ќе понуди уште поатрактивни скијачки патеки.

Со тоа, Ски-центарот „Попова Шапка“ и оваа сезона е вистинскиот избор за скијање и сноубординг и за сите кои уживаат во зимските спортови, порачуваат од ЕЛЕМ Турс.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Прилепчанка тешко повредена откако зетот ја турнал по скали

Редакција

Кривична пријава за лихвар од Прилеп: За заем од 70.000 денари му зел камата од 100.000 денари и комбе

Редакција

Загинаа девојче и жена во сообраќајка на автопатот Штип – Миладиновци

Редакција