еМагазин
Image default
Локално

Кривична пријава за лихвар од Прилеп: За заем од 70.000 денари му зел камата од 100.000 денари и комбе

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп поднесе кривична пријава против С.Т.(48) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лихварство“. Во текот на јули 2019, П.Ј. од Неготино од пријавениот побарал на заем 70.000 денари, кој го условил со несразмерна камата, информира МВР.

Притоа, пријавениот, како залог зел комбе, сопственост на П.Ј. и бугарска патна исправа на име на П.Ј. Според пријавеното, тој во четири наврати на пријавениот му исплатил вкупно 25.000 денари како камата, а кога на 06.09.2019 отишол да го исплати долгот, пријавениот не ги зел парите и го задржал комбето за себе.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Родител преку 112 побарал помош за синот, кој тргнал на Водно и не се јавувал

Редакција

(ВИДЕО) За шампионот Вардар во Скопје во кафана се фрлаа и маси

Редакција

(Видео) Студенти вадат лустери и пијат од нив и кршат прозорци: Нови снимки од демолирањето на хотелот во Охрид

Редакција