На 09.09.2019 околу 00,30ч. пријавено е дека во населбата Гоце Делчев во Куманово во гостилница физички бил нападнат сопственикот на објектот Т. Д.(49) од страна на Д. Н., А. Т., С. А. и А. Б., сите од Куманово, информира МВР.
Напаѓачите се приведени во полициска станица, а на Т.Д. му била укажана лекарска помош во комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.