еМагазин
Image default
Локално

(Фото) Герила акција: „Добродојдовте во Тетово, градот во кој на никому не му е гајле на ништо“

„Добродојдовте во Тетово, градот во кој на никому не му е гајле на ништо“, е главната порака на герила акцијата на група активисти, кои поставија табли низ целиот град.

„Ѓубре расфрлано на сите страни, дупки по патишта, сообраќаен хаос каде што секој се паркира каде што сака и недостатокот на јавниот презвоз- се дел од бројните проблеми со кои секојдневно се среќаваат тетовчаните“, велат активистите, кои испратија фотографии од акцијата.

Активистите велат дека се мотивирани од овие проблеми и имаат желба да повикаат на колективна одговорност за состојбата во која што се наоѓа градот, па за тоа поставија табли со пораки: „Не ми е гајле каде се паркирам“, „Не ми е гајле каде фрлам ѓубре“, „Не ми е гајле што нема јавен превоз“, „Не ми е гајле што има дупки“.

„Кој е одговорен за овој хаос, граѓаните или локалната самоуправа? Но на крајот, не е е доволно само да поставуваме прашања, туку и да дејствуваме во насока на решавање на проблемите“, се вели во соопштението до медиумите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Град Скопје секој ден со 100 евра ќе наградува фотографија, видео или гиф од седење дома

Редакција

Жена физички нападнала мајка со дете во Скопје

Редакција

74-жена излетала со возило на патот Стража-Гостивар и починала

Редакција