еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Рептил ја негува традицијата на здравата и вкусна македонска храна

Традиционалната македонска храна, на чиј вкус и квалитет секогаш сме горди, е едно од најпрепознатливите обележја на Македонија во Европа и светот. Умешноста и истрајноста да ја зачуваме традиционалната рецепта во кујната и упорноста да ги сознаеме и готварските вештини онака како и нашите баби ги совладувале во младоста, несвесно креираа и отпор кон современите токови, кои значајно ги сменија навиките и ја воведоа процесираната храна.

Наместо тоа традиционалната кујна ја поврзавме и со здравата исхрана, ја модернизиравме и збогативме. Таа денес, не е достапна само во нашите кујни, туку може и да ја купите и во кујните во поголемите маркети на Рептил.

„За нас особено е важно што оние кои еднаш ќе купат готов оброк од нашата кујна, потоа повторно се враќаат и купуваат. Тоа е потврда дека сме успеале да креираме вкусен и здрав оброк. Имаме богата понуда на традиционална, но и модерна храна.

Свежи и кремасти салати, јадења на скара, главни јадења, похована храна, а имаме и понуда на јадења подготвени согласно хроно правилата за исхрана. Кујни имаме во шест маркети лоцирани во скопските населби Црниче, Ново Лисиче, Тафталиџе 1 (кај Млечен), Бутел, Центар и Драчево.

Нашето мени потрошувачите може да го разгледаат на нашата интернет страница reptilmarketi.mk, а преку marketonline.mk може и од дома да нарачаат готов оброк што ќе им го доставиме“, вели Томе Неделковски раководител на кујната на Рептил.

Можноста да се купи оброк, што е подготвен како дома и со истите состојки што ги користите дома, е непроценлива. Независно дали живеете сами или со семејство, дали сте оптоварени со бројни обврски на работа или сте домаќинка која секојдневно манипулира со вртлогот во домаќинството, а сака семејството да јаде свежи и здрави оброци, не секогаш се наоѓа време и енергија за да подготвите домашни јадења.

Понекогаш тоа може да изгледа и како застрашувачка задача. Особено што посетата на ресторани најчесто значи и поскапа храна, а на крајот од бурниот ден, сакате јадењето да го почувствувате како најбрза и најлесна опција.

„Денес се живее многу брзо и здравата исхрана има значајна улога во одржувањето на телото да може да се носи со секојдневните стресови. Познато е дека преработената храна вообичаено е богата со хемиски адитиви, хормони, шеќер, сол, нездрава маснотија, како и дека е многу калорична што негативно влијае на општата психофизичка состојба на телото, но и на изгледот.

Може да Ве направи да се чувствувате уморни, надуени и раздразливи, како и да ги влоши симптомите на депресија, стрес, вознемиреност и слично.

Но, со оброкот што е подготвен исто како дома, може да се осигурете дека Вие и вашето семејство јадете свежи, здрави оброци. Ова може да Ви помогне да изгледате и да се чувствувате поздраво, да ја зајакнете вашата енергија, да ја стабилизирате вашата тежина и расположение и да го подобрите спиењето и контролирањето на стресот.

Кога јадете традиционално подготвени оброци повеќе сте свесни за тоа што точно ставате во вашето тело и како различна храна влијае на начинот на кој размислувате и се чувствувате“, дополнува Томе Неделковски раководител на кујната на Рептил.

Можноста да се купи готов а здрав оброк, е особено важен за домаќинките затоа што со купување на јадењето може да ослободат време во денот што ќе го посветат за себе и за дружба со семејството. Додека да трепнете – децата пораснале, а убаво е да се има повеќе време за дружење со нив, да се напиете кафе со пријателките, но и да се релаксирате со убава масажа, а семејството сепак да добие свеж оброк навреме.

Не мора домаќинката 24/7 да биде супер мајка, кога може да биде мајка која не е преморена од часовите поминати покрај шпоретот и од расчистувањето на хаосот во кујната. Едноставно, повеќе време за сите, а јадете зготвено како по рецептот на баба.

Основата на здравата исхрана е да се јаде храна подготвена од состојки кои ги има во природата. Секогаш кога е можно да се јаде многу зеленчук и здрави извори на протеини. Сето ова, плус и вкусно и како подготвено дома – повелете пробајте го јадењето од кујните на Рептил.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) И Силјановска бојадиса јајца за Велигден

Редакција

(Фото) Ќе се жени поранешниот министер и генерален секретар на СДСМ, Љупчо Николовски

Редакција

Што значи персонализирана медицина за онколошките пациенти

Редакција