Македонската актерка Симона Живковска ќе биде дел од филмот „Црната вдовица“ (Black Widow), работен според стриповите на „Марвел“.
Филмот е во фаза на снимање, главната улога ја има познатата актерка Скарлет Јохансон, а премиерата се очекува во мај 2020 година.
Која е Симона
Симона е родена во Скопје во јуни 1994 година. Има мешано потекло, македонско и од Западните Инди.
Во 2001 година се сели во Велика Британија, стои во нејзината официјална биографија.
Првата работа на телевизија ја има во 2012 година. Таа го игра главниот женски лик во драмата на националниот британски сервис, Би-Би-Си, “My Murder”.
Таа била дел од неколку ТВ-серии и филмови на Би-Би-Си и Скај телевизија, како Devils, Holby City, Doctors…
Пишува и поезија.
Ќе ја направам Македонија горда!
По објавувањето на информацијата дека ќе биде дел од „Црната вдовица“, Живковска доби бројни пофалби на социјалните мрежи, за кои таа се заблогадари на својот Твитер профил:
Ви благодарам многу за поддршката во овој момент особено ми значи! Многу сум благодарна за оваа можност и се надевам дека ќе ја направам Македонија горда! 🙏🏽❤️
— Simona Zivkovska (@simonazivkovska) September 12, 2019
Фото: Живковска/Фејсбук/simonazivkovska.com