еМагазин
Image default
Македонија

Јовески им го врати на Фетаи и Бубевски случајот „Монструм“

Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески ги овласти довчерашните обвинители во Специјалното јавно обвинителство (СЈО), Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски и натаму да го застапуваат предметот „Монструм“, потврдија за МИА извори во ЈОРСМ.

Судењето за „Монструм’ односно петкартното убиство кај Смилсковското езеро, треба да продолжи утре во Кривичниот суд.

Советот на јавни обвинители вчера го констатира престанокот на мандатот на обвинителите во СЈО и ги распредели во матичните обвинителства.

Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски се вратија во ОЈО Скопје и сега оттаму ќе го застапуваат „Монструм“.

Јовески по преземањето на предметите од СЈО најави дека приоритет во распределбата ќе имаат случаите за кои веќе се води судска постапка. Според неговите наслежности, тој може предметите од СЈО да ги распределува на обвинителите кои и досега ги водеа.

Од предметите за кои СЈО покрена над 20 обвиненија, само три се целосно затворени, неколку се вратени на повторно судење или се чека изјаснување на Апелациониот суд.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој каде се враќа: Лиле Стефанова во Обвинителството во Радовиш, Фатиме Фетаи и Ленче Ристоска во скопското

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во изминатите три дена, нови 899 случаи на Ковид-19, оздравени 670, нема починати

Редакција

Учениците денеска одат на распуст, се уште не се знае како ќе се одвива наставата од септември

Редакција

(Мапа) Во кои градови во Македонија има најмногу заболени со Ковид-19 на 100 илјади жители

Редакција