еМагазин
Image default
Локално

Полицијата заплени забранети мрежи од рибокрадци во Охридското езеро

Во периодот од 20.00 часот на 16.09 до 01.00 часот на 17.09.2019, при вршење на патролна дејност во водите на Охридското Езеро, полициски службеници од Полициската станица за Граничен надзор „Охридско Езеро“ во водите на езерото, на околу 300 метри од брегот, кај с.Калишта, пронашле рибарски мрежи од тип кој е строго забранет за користење, со улов на риба – охридска белвица, информира МВР.

Мрежите биле однесени во Полициската станица за Граничен надзор „Охридско Езеро“ за понатамошна постапка. Се работи на расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Влада: Запазени сите процедури за заштита на автентичноста на Старата скопска чаршија

Редакција

(ВИДЕО) Скопје побеле: Падна првиот снег

Редакција

Запленети над 100 килограми марихуана во Охрид

Редакција