еМагазин
Image default
Македонија

(ВИДЕО) Снимките за „Рекет“ неможат да бидат доказ, вели за „360 Степени“ адвокатката на Јанева

Адвокатка на поранешната специјална обвнителка, Катица Јанева, Ирена Данаилова-Фрчкоска, во интервју за „360 Степени“ на Алсат М, вели дека снимките за „Рекет“ неможат да бидат доказ.

„По она што го видов, од материјалните докази не произлегува било каква инволвираност или индиции на постоење на основано сомнение дека Јанева го сторила делото кое и се става на товар“, вели Данаилова-Фрчкоска.

Запрашана за снимките во кои се слуша како Јанева директно комуницира со осомничено лице во предмет за којшто Специјалното јавно обвнителство (СЈО) води истрага, таа вели дека тие разговори ги толкуваат во насока на изјавата на Јанева, односно дека се работело за евентуална соработка како сведок во друга постапка.

Данаилова-Фрчкоска вели дека ќе треба да се види дали снимките воопшто ќе може да бидат искористени како докази во кривичната постапка.

„Не може да се поистоветат снимките коишто Специјалното јавно обвинителство ги третираше како докази и овие снимки. Снимките од нелегалното прислушкување беа озаконети со Законот за СЈО, а овие докази се третираат како докази кои се прибавени на незаконит начин и како такви треба да бидат издвоени во постапката“, вели Данаилова-Фрчкоска.

Фото/видео: 360 Степени/Алсат М

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Анкета на Телма и МЦМС: Македонските граѓани немаат доверба во ниту еден политичар

Редакција

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 12 пациенти, а вкупно се лекуваaт 242

Редакција

Арсовска и Јовановска се единствените градоначалнички: На локалните избори 91,64% беа мажи, а само 8,36% жени

Редакција