На 22.09.2019 во 15.20 часот на крстосница од регионалниот пат Гостивар-с.Градец и локалниот пат за с.Пожаране се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „пежо 206“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Ф.Р.(51) од с.Врапчиште и велосипед управуван од 11-годишен малолетник од с.Топлица, информира МВР.
Во незгодата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Медицинскиот центар Гостивар за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Гостивар.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.