еМагазин
Image default
Бизнис

За еден денар се намалуваат цените на бензините и дизелот

Малопродажните цени на бензините и дизелот од ноќеска на полноќ се намалуваат за еден денар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Согласно одлуката, новата цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 68,50 денари за литар, на Еуросупер БС-98 изнесува 71 денар за литар, а Еуродизелот ќе се продава по 63,00 денари за литар.

За еден денар се намалува цената на Екстра лесното масло за домаќинство  кој ќе се продава по 52,50 денари за литар и малопродажната цена на мазутот се намалуваза за 0,876 денари за килограм и ќе изнесува 33,158 денари за килограм.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот седумдневен период бележат намалување кај бензинот во просек за околу 4,35 отсто или за 27,50 долари за тон, кај дизелот има намалување во просек за околу 3,36 отсто или за 20,70 долари за тон, кај екстра лесното масло намалување во просек за околу 3,53 отсто или за 21,35 долари за тон и кај мазутот намалување во просек за околу 4,12 отсто или за околу 16,20 долари за тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот седумдневен период изнесуваше 55,96 денари за долар.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Лимак Холдинг – инвеститорот на комплексот „Diamond of Skopje“ – учествуваше во градењето на најдолгиот висечки мост во светот „Чанак Кале“

Редакција

Македонците викендов се соочија со проблем во Грција: Грчката апликација не ги препознава ковид-сертификатите, се проверуваат рачно

Редакција

Соработка на повисоко ниво меѓу приватниот сектор и локалните институции со цел економски развој и просперитет, порача Душко Чифлиганец, заменик претседател на Адора Бизнис Групацијата

Редакција