еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Ќе падне ли Владата на колена пред банките и богатите за оданочувањето на капиталните добивки и депозитите?

Веќе со години во Македонија се зборува за воведување данок на штедните влогови во банките и на капиталните добивки, а со цел да се стимулираат граѓаните и компаниите парите да ги вложуваат во нови бизниси, но под влијание на банкарското лоби и на големите капиталисти и играчи на Македонската берза постојано се одложува имплементацијата на законската регулатива за овие прашања.

Прашан дали постои опција Владата да се откаже од оданочувањето на капиталните добивки, вицепремиерот Кочо Анѓушев вчера рече дека ќе разговаараат за се и дека сакаат да го стимулираат пазарот на капитал и развојот на беразата.

„Доколку тоа е една од мерките што треба да се направат за тоа да биде симулирано секако ќе разговараме и за таа опција“, рече Анѓушев.

За оданочувањето на капитални добивки и на штедните влогови се зборуваше уште за време на Владата на ВМРО-ДПМНЕ, но законска регулатива никогаш не заживеа.

Актуелната Владата со измени на Законот за личен доход лани кога беше воведен и прогресивниот персонален данок предвиде граѓаните да плаќаат данок од 15 отсто за дивиедендите, да плаќаат данок за заштедите кои ги чуваат во банка, ако каматите годишно надминат 15.000 денари, за каматите од хартиите од вредност и данок на каматите од заемите.

Промените ги иницира поранешниот министерот за финансии Драган Тевдовски кој ги бранеше со тезата дека на таков начин се реалоцира богатството и се постигнува поголема еднаквост.

Сега доколку Владата на СДСМ и ДУИ ретерира во спроведувањето на новото законско решение ќе падне на исто ниво како и претходната Влада на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, а единствени жртви на новата регулатива ќе бидат граѓаните кои имаат повисоки примања кои сега ги зафаќа прогресивното оданочување.

Големите капиталисти и богаташите кои имаат милиони во акции и депозити повторно ќе куртулат од оданочување.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сител, Канал 5, Алфа и Алсат М лани работеле со добивка, а Телма со загуба

Редакција

Седумнаесетгодиша Скопјанка забременила од лице што ја силувало

Редакција

Дојави за бомби и во три основни училишта во Прилеп

Редакција