Министерот за здравство Венко Филипче информираше дека очекува лекари од приватните болници „Аџибадем Систина“ и „Ремедика“ да помогнат за лекување на болните од Ковид-19 во Заводот за рехабилитација, а од клиниката „Жан Митрев“ добил известување дека дел од медицинскиот кадар бил на боледување, а следните две недели и тие ќе одговориле на барањето.
За намалување на цените за лекување од Ковид-19 по приватните клиники рече дека не постои правен механизам тоа да се случи, туку граѓаните доброволно заминуваат таму на лекување, а исто така болниците сами ја одредуваат цената на лекувањето.
Филипче вели дека секој што побарал здравствена заштита во јавното здравство ја добил.
Фото: МЗ
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.