еМагазин
Image default
Техно

„А1 Go Social“: Онлајн надополнување на кредитот и неограничено сурфање на омилените социјални мрежи 

A1 Македонија оди чекор повеќе во понудата за припејд корисниците на мобилната телефонија, кои сега, додека се дома, можат да ја надополнат својата сметка на уште поедноставен начин, преку апликацијата Мојот А1.

Со едноставно надополнување на кредит онлајн, со кој било износ преку апликацијата Мојот А1, преку постпејд број или преку веб-страницата www.A1.mk/nadopolni-kredit, корисниците добиваат бесплатен A1 Go Social неделен пакет.

Имено, со секое онлајн надополнување на припејд кредит, преку апликацијата Мојот А1, преку веб-страницата www.A1.mk/nadopolni-kredit или преку постпејд, A1 припејд корисниците бесплатно ќе го добијат неделниот пакет A1 Go Social со кој ќе можат неограничено да сурфаат на омилените социјални мрежи како што се Facebook, Instagram, TikTok, FB Messenger, Snapchat и WhatsApp, без да трошат дополнителен интернет.

Бесплатниот пакет A1 Go Social важи од моментот на извршеното онлајн надополнување на припејд сметката и трае во наредните 7 дена.

Доколку корисникот во промотивниот период добил бесплатен A1 Go Social пакет и притоа направи ново онлајн надополнување пред целосно да го искористи постоечкиот пакет во рок од 7 дена, ќе му биде доделен нов бесплатен А1 Go Social пакет со важност во наредните 7 дена.

Со оваа понуда, А1 Македонија ја потврдува својата заложба за креирање понуди прилагодени за потребите на секој корисник, овозможувајќи најдобра вредност, врвно корисничко искуство, неограничена комуникација и многу забава, сега кога е најважно да останеме дома за да го заштитиме нашето здравје.

Повеќе информации можете да најдете на www.a1.mk или со јавување во Контакт центар на 077 1234.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Само 20% од населението со пристап до интернет направило нарачка онлајн

Редакција

Телефон кој долго се очекуваше: Samsung Galaxy Z Fold2 пристигна во Македонија

Редакција

(Фото) Samsung Galaxy Tab S6: Нов таблет кој ја надградува твојата креативност и продуктивност

Редакција