еМагазин
Image default
Бизнис

А1 Македонија има повеќе претплатници со пристап до интернет преку мобилна мрежа, Македонски телеком во фиксната телефонија

Податоците на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК), во второто тримесечие годинава покажуваат дека најголем удел во вкупниот број на активни претплатници на пристап до интернет со широк и тесен опсег преку мобилна мрежа (2G/3G/4G) во вториот квартал годинава има А1 Македонија со 52,19 проценти, по Македонски Телеком има 45,27 проценти, а Роби 1,60 проценти…

Извештајот на Агенцијата за електронски комуникации покажува дека бројот на фиксни линии според сите технологии во вториот квартал годинава достигна 420.908, а во анализираниот период се остварени 34.301.471 минути разговор. Кон мрежи во странски држави се остварени 522.177 минути разговор.

Македонски телеком со 52,91 процент и натаму има најголем удел на пазарот според бројот на фиксни линии, пред А1 Македонија (39,73 проценти). Со 4,75  проценти е застапен операторот Роби, со 2,21 процент Неотел, со 0,53 Инфел Нет плус.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

А1 Македонија има поголеми приходи од мобилна телефонија од Македонски Телеком

А1 Македонија има повеќе претплатници во мобилната телефонија од Македонски телеком

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Првиот човек на ЕВН Македонија, Маер: Броилата се по стандардите на ЕУ

Редакција

Горивата поскапуваат од половина до 1,5 денари

Редакција

Макпетрол ќе исплаќа дивиденда од 2.000 денари бруто по акција

Редакција