еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

А1 Македонија има повеќе претплатници во мобилната телефонија од Македонски телеком

Податоците на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК), во второто тримесечие годинава покажуваат дека бројот на активни претплатници во мобилна телефонија изнесува 1.867.694, а реализирани се 1.523.126.310 минути разговор.

Резиденцијални при пејд претплатници се 725.868, а пост пејд 892.456. Дел од вкупната бројка се и 249.370 деловни постпејд претплатници.

Според податоците на АЕК, бројот на претплатници на пристап до интернет со широк и тесен опсег преку мобилна телефонија изнесува 1.398.860.

Најголем удел на пазарот според бројот на претплатници во мобилната телефонија има А1 Македонија, 49,78 проценти, пред Македонски Телеком (47,25 проценти), по што следат Лајка мобајл (1,76 проценти), Роби (1,19 проценти) и Греенмобајл (0,02 проценти).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

А1 Македонија има поголеми приходи од мобилна телефонија од Македонски Телеком

А1 Македонија има повеќе претплатници со пристап до интернет преку мобилна мрежа, Македонски телеком во фиксната телефонија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сите детали за предлогот на РКЕ: Кои домаќинствата треба да бидат субвениционирани за плаќање на струјата

Редакција

Ќе расте цената на закуп на деловен простор во Скопје

Редакција

Русија исфрлена од Евровизија

Редакција