еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

Русија исфрлена од Евровизија

Европската радиодифузна унија која го организира натпреварот „Евровизија“ денеска донесе одлука да ја исфрли Русија поради инвазијата на Украина.

„Европската радиодифузна унија (ЕБУ) објавува дека ниеден руски изведувач нема да учествува на годинашниот натпревар за песна на Евровизија. Извршниот одбор на ЕБУ донесе одлука врз основа на правилата и вредностите на ЕБУ.

Препораката на Референтната група поддржана е и од телевизискиот одбор на ЕБУ. Одлуката е израз на загриженост дека во услови на криза во Украина, вклучувањето на Русија ќе го донесе ова натпреварување на лош глас“, стои во известувањето од организаторите.

Тие велат дека остануваат посветени на заштитата на вредностите на културниот натпревар кој промовира меѓународна размена и разбирање.

Фото: Твитер/Евровизија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Како фирмата за надзор на коридорите 8 и 10д од несоодветна со решение на Влада станува соодветна?, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ

Редакција

Нови 520 случаи на Ковид-19 од 3.023 тестирања

Редакција

(Галерија) Како изгледа Шар Планина по неколку дневните пожари

Редакција