еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Украина тврди: 2.800 руски војници се „изгубени“, уништени се 500 воени возила, 80 тенкови и 10 авиони

Украинските вооружени сили соопштија дека ѝ нанеле големи загуби на Русија. Министерството за одбрана соопшти дека 2.800 руски војници се „изгубени“. Не е јасно дали војниците се убиени, ранети или заробени, пренесува германската агенција ДПА.

Министерството, исто така, процени дека се уништени до 80 тенкови, повеќе од 500 други воени возила, 10 авиони и седум хеликоптери.

ДПА потенцира дека бројот на војници и цивили е невозможно да се потврди, со оглед дека завојуваните страни даваат спротивставени информации. Русија тврди дека не претрпела значителни загуби.

МИА/Фото: Руско министерство за одбрана

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Американската војска не нарече „Северномакедонци“, па се извини

Редакција

Приведен, па пуштен личниот возач на Али Ахмети, возел со регистарски таблички од друго возило

Редакција

Проф.Трајковски: „Непрележаните и невакцинираните многу тешко ќе куртулат пред делта сојот, кој на есен ќе го видиме во „полн сјај““

Редакција