еМагазин
Image default
Техно

А1 Македонија за сите при-пејд и пост-пејд корисници на мобилна телефонија: 10GB за безгрижно сурфање во роаминг во 27 земји

Пред пикот на летната сезона, А1 Македонија со големо задоволство најавува воведување нова исклучително поволна понуда за корисниците во мобилната телефонија креирана да одговори на корисничките потреби за зголемено количество мобилен интернет, сурфање на социјалните мрежи и нуди уште повеќе придобивки додека се во странство, информираат од компанијата.

Имено, најпопуларните и најкористените дополнителни пакети за роаминг од денеска вклучуваат уште повеќе интернет за безгрижно уживање во летото и безброј споделени спомени преку социјалните мрежи, дури и додека корисниците се надвор од границите на нашата држава.

Отсега, А1 Roam Surf XL пакетот содржи одлични 3ГБ, со непроменета цена од 499 денари, додека А1 Roam Surf XXL со своите 10ГБ овозможува безгрижно сурфање во роаминг за цена од 999 денари.

Ова лето корисниците имаат можност A1 Roam Surf пакетите да ги користат уште во два роаминг партнери, Sunrise во Швајцарија и Eronet Mobile во Босна и Херцеговина.

Повеќе информации можете да најдете на www.a1.mk.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пролетна промоција во А1 Combo и подарок смарт часовник 

Редакција

Биди астронаут на еден ден и направи селфи од вселената: SpaceSelfie мисијата е најновиот технолошки потфат на компанијата Samsung  

Редакција

(Фото) Македонски Телеком ја постави првата тестна 5G мрежа во центарот на Скопје

Редакција