еМагазин
Image default
Техно ТОП СТОРИИ

(Фото) Македонски Телеком ја постави првата тестна 5G мрежа во центарот на Скопје

Македонски Телеком ја постави првата тестна 5G мрежа во центарот на Скопје, со што обезбеди услови за тестирање на оваа нова технологија во реални услови.

Ова е уште еден чекор кон воведувањето 5G во Македонија, што ќе овозможи технолошки напредок на општеството и многу нови функционалности за корисниците.

„Неколку години наназад интензивно работиме на градење на новата инфраструктура на мрежата која ќе им ги донесе придобивките на 5G на нашите корисници. Досега неколку пати сме мереле 5G брзини, во лабораториски услови. Денес за прв пат мериме брзини во реални услови, преку сигналот од првите 5G базни станици кои се поставени во центарот на Скопје.

Ја имаме првата тестна 5G мрежа во земјава што ќе ни овозможи да бидеме подготвени за воведување на оваа технологија за сите корисници, кога ќе дојде моментот“, изјави Никола Љушев, Главен извршен директор на Македонски Телеком.

Целта на тестната 5G мрежа е тестирање на перформансите во реални услови со кои би се овозможиле нови услуги за корисниците, како на пример: супер брз фиксен безжичен интернет, VR (Virtual Reality) 3600 видео во живо, VR gaming во реално време, ultra-HD multi video streaming, итн.).

Тестирањата ќе се вршат во текот на 2020 година и врз основа на нив мрежата ќе се подготви за комерцијална фаза.

Со воведувањето на оваа технологија, не само што ќе се создадат услови за развој на информатичко-технолошко поле, туку пошироко, ќе се создадат услови за целосен економски развој на нашата земја. Ќе се смени начинот на кој функционира општеството, а придобивките ќе ги гледаме во сите сфери: медицина, образование, бизнис…

5G ќе почне да се имплементира во Европа од 2020 година, а целосна имплементација со сите нејзини напредни функционалности се очекува во периодот по 2025 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ќе се прави нова обдукција на телото на 26-годишно момче кое беше најдено мртво кај Ново Село

Редакција

„Димакс рудници“ го доби тендерот на ЈП за одржување и заштита на магистралните патишта за набавка на индустриска сол вреден 2,8 милиони евра

Редакција

Пендаровски му пишал на Ердоган за екстрадицијата на Палевски

Редакција