еМагазин
Image default
Македонија

Алијанса за Албанците и Алтернатива најавуваат дека со 3.000 амандмани ќе ги блокираат антикризните закони

Собраниската Комисија за финансирање и буџет на која на дневен ред се трите закони поврзани со антикризните мерки за Ковид-19 од петиот пакет е закажана за попладнево 18:30 часот.

Комисијата е закажана откако претходно денеска во Собранието владејачкото мнозинство и СДСМ постигнаа договор да се изгласаат овие закони. Но, пратеничката група на Алијанса за Албанците (АА) и Алтернатива, како што најавија, ќе ги блокираат законите.

Според координаторот на пратеничката група на АА и Алтернатива, Скендер Реџепи, пратениците веќе ги потпишуваат амандманите што, како што посочи, ќе бидат преку 3.000.

Комисијата за финансирање и буџет беше закажана откако денеска беше постигнат договор помеѓу владејачкото мнозинство и опозициската ВМРО-ДПМНЕ и на 36. седница останаа само Предлог на закон за финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот Ковид-19, за месеците февруари и март 2021 година, по скратена постапка, Предлог на закон за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот Ковид-19, заради исплата на платите за месеците февруари и март 2021 година и Предлог на закон за изменување на Законот за данокот на личен доход, сите по скратена постапка и во второ читање.

Од Собранието информираат дека за одлуката за продолжување на кризната состојба постапката е поинаква, бидејќи за неа АА и Алтернатива имаат поднесно преку 400 амандмани.

Доколку се постигне некаков договор, тогаш би можело вечерва по завршување на седницата за пратенички прашања да бидат донесени овие закони.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата на Алијанса за Албанците и Алтернатива ја официјализираа соработката за локалните избори

Редакција

Кои се 10. општини во кои се избрани градоначалници во првиот круг

Редакција

Новите печати ќе бидат и со новото име и според Законот за употреба на јазиците

Редакција