еМагазин
Image default
Македонија

Новите печати ќе бидат и со новото име и според Законот за употреба на јазиците

По налогот од Владата од пред неколку дена сите државни институции во својата работа и во различните документи да почнат да го употребуваат новото име на земјава – Република Северна Македонија, од Илинденска број 2 стаса ново задолжение – да се изработат нови печати во склад со законот за употреба на јазиците, пренесе meta.mk.

Како што објасни владиниот портпарол Муамет Хоџа, на вчерашната 122. седница на Владата, било задолжено Министерството за правда да изработи предлог-закон за Инспекторат за спроведување на законот за јазиците, а исто така е усвоен и испратен во Собранието и предлог-законот за реформа на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), а се очекува наскоро да се формира и Инспекторатот за спроведување на законот за јазиците, кој ќе изрекува казни.

– Владата ги задолжи министерствата во рок од седум дена до Генералниот секретаријат на Владата, односно до меѓуресорската работна група, да достават листа на закони кои ќе содржат одредби од законот за јазиците.

Исто така, го задолжи Министерството за правда во рок од 15 дена да достави предлог-закон за формирање Инспекторат за употреба на јазиците. Истовремено, Владата им препорача, укажа, на сите институции при изготвување на печатите да го почитуваат овој закон – објасни Хоџа.

Мета

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Обединети Нации го заменија ПЈРМ со Северна Македонија

Германската „Веридос“ ќе ги печати новите пасоши на граѓаните на Северна Македонија

(Фото) Во пасошите почнаа да се става печатот со појаснување дека припаѓаат на Северна Македонија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бранимир Јовановиќ застана зад Тевдовски: Мислев дека „метлата“ требаше да ги фати оние кои местеа милионски тендери

Редакција

Столтенберг не успеа да го разубеди Мицкоски за договорот со Грција, ќе успеат ли Курц и Меркел

Редакција

Сашо Мијалков е позитивен на Ковид-19, потврди неговиот адвокат

Редакција