еМагазин
Image default
Бизнис

ЕСМ бара бравари, инженери, ракувачи на машини во термоелектрани, електро и машински монтери

АД ЕСМ ја информира јавноста дека бара бравари, инженери, ракувачи на машини во термоелектрани, електро и машински монтери и други стручни лица потребни во производниот процес на компанијата.

Огласите се отворени за сите граѓани кои ја имаат соодветната стручна подготовка.

“Вработувањата во АД ЕСМ се спроведуваат според редовниот план и се спроведуваат по неколку основи: пензионирање на работници, зголемен обем на работа, подобрување на технолошко-производниот процес, воведување на нови капацитети, како што е когенеративната електрана КОГЕЛ во рамките на подружница Енергетика-Скопје, потоа почнување на изградба на нови капацитети, како што е фотоволтаичната електрана во Осломеј, итн.

Исто така, АД ЕСМ се соочува со неповолна старосна структура на вработените, односно просечната возраст изнесува 58 години, кој факт го обврзува секое одговорно раководство да преземе мерки за одржлив кадровски систем, кој има ефекти на долг рок.

АД ЕСМ вработува и сега, и ќе продолжи да вработува во согласност со потребите за производство на електрична енергија, ископ на јаглен и развој на најголемата и стратегиски најважна компанија во сопственост на државата“, велат од компанијата.

Фото: ЕСМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Помалку фирми и граѓани на новата Листа на должници на УЈП

Редакција

Добивката на Адинг во првиот квартал зголемена за 374,8%

Редакција

Во земјава има 72.315 активни компании, третина се занимаваат со трговија

Редакција