еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

ЕСМ следната недела ќе го преземе управувањето со БЕГ и топлификација Скопје Север

Согласно Уредбата донесена на вчерашната седница на Владата во врска со кризата настаната во снабдувањето со топлинска енергија и дополнителните одлуки кои ќе следуваат, АД ЕСМ ќе го преземе раководењето со БЕГ до завршувањето на кризата со снабдување со топлинска енергија, информираат од компанијата.

„Преземањето на управувањето со трите субјекти на БЕГ, (производство, дистрибуција и снабдување) и со топлификација АД Скопје Север се очекува во текот на претстојната недела, откако АД ЕСМ ќе ги добие од страна на Владата потребните одлуки и задолженија за спроведување на преземањето.

Во меѓувреме, АД ЕСМ потпиша договор со Друштвото за производство на електрична и топлинска енергија ТЕ-ТО АД Скопје. Со тој договор ТЕ-ТО ќе го зголеми обемот на производство на електрична и на топлинска енергија, односно ќе работи со максимален капацитет, седум дена во неделата наместо пет дена како досега, во периодот од 05:00 часот наутро до 01:00 часот по полноќ со полна моќност, односно ќе го исполнува максимално инсталираниот капацитет од 227 мегавати.

Електричната енергија ќе ја презема АД ЕСМ, додека зголеменото количество топлинска енергија кое произлегува од процесот ќе се испорачува кон БЕГ и Скопје Север, односно во топлинската мрежа во градот Скопје.

Греењето во градот Скопје нема да се исклучува во вечерниот термин до 22.00ч. како што беше утврдено досега, туку топлинска енергија за корисниците ќе се испорачува до 01.00ч. До денот на преземањето на БЕГ од страна на АД ЕСМ, сите трошоци за испораката на греењето во Скопје ќе ги сноси ТЕ-ТО,“ соопштуваат од ЕСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Граѓаните нема да останат без парно, проблемот со снабдувањето е решен

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Регистарски таблички со МК заминуваат во историјата: Од денеска нови со NMK

Редакција

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата изнесува 118,55 евра за мегават час, на МЕМО 108,29 евра за мегават час

Редакција

Промет од 1,7 милиони евра со акциите на Стопанска банка Скопје за осум месеци

Редакција