еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Граѓаните нема да останат без парно, проблемот со снабдувањето е решен

Проблемот со снабдување со топлинска енергија во Градот Скопје и општините е решен, и оттука домаќинствата ќе имаат непрекината испорака на парно греење. Владата на денешната седница, на предлог на Министерството за економија донесе Уредба за критериумите и условите за прогласување на кризна состојба на пазарот на топлинска енергија, извести министерот за економија, Крешник Бектеши.

Согласно оваа Уредба ќе биде донесена Одлука за постоење на кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија за што деталите ќе бидат дополнитечно утврдени.

Бектеши рече дека со цел на надминување на ова состојба, Владата ќе обезбеди финансиски средства со кои ќе се субвенционира сметките на граѓаните за топлинска енергија на граѓаните.

Мерките кои се составен дел од Уредбата овозможуваат Владата преку ЕСМ да го стабилизира пазарот на топлинска енергија. АД ЕСМ денес потпиша Договор за набавка на електрична енергија со ТЕ-ТО до 31.01.2022 година.

„За реализација на овој договор ТЕ-ТО ќе произведе дополнителни количини на топлинска енергија покрај електричната со што ќе се овозможи континуирано квалитетно и економски исплатливо снабдувањето во овој период.

ТЕ-ТО има сигурен извор на гас и може да работи без пречки, во периодов има активни договори за продажба на електрична енергија и ќе работи дополнително за време на викенд, а произведената електрична енегија ќе ја купува АД ЕСМ.

Дополнително, ТЕ-ТО наместо до 21 часот ќе работи до 01.00 после полноќ и со оваа ќе се произведе потребната топлинска енергија,“ изјави Бектеши.

До крај на грејната сезона се планира целокупната произведена електрична енергија од ТЕ-ТО да ја превземе АД ЕСМ со што ќе има доволно топлинска енергија за БЕГ.

Имајќи предвид што, како што информираа од БЕГ, не се во можност да работат самостојно и компанијата побара од Владата принудна управа, донесена е одлука за склучување на договор за деловно техничка соработка помеѓу БЕГ и ЕСМ по задолжение од Влада.

Согласно ова задолжение, Владата во најкус рок ќе донесе одлука и ќе го задолжи ЕСМ да склучи договор за деловно-техничка соработка со БЕГ.  Исто така за работењето на АД Скопје Север ќе се склучи договор за деловно техничка соработка по истиот принцип.

Со договорите за деловно техничка соработка сите права и обврски кои ги имале субјектите ќе мируваат, а правата и обврските кои ќе настанат во периодот на важење на договорот ќе бидат на ЕСМ.

АД ЕСМ ќе го менаџира целокупното финансиско работење преку посебна сметка и за истото ќе доставува извештаи до Владата.

АД ЕСМ веќе поседува лиценци за топлинска енергија и истите ќе бидат проширени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Македонски Телеком“ го доби тендерот на ПИОМ за телекомуникациски услуги „тежок“ 420.000 евра

Редакција

И Ловечката федерација се вклучи во потрагата по Вања Ѓорчевска

Редакција

По излегувањето на “Има таков народ“, Петков најави дека ќе води малцинска влада

Редакција