еМагазин
Image default
Македонија

Џафери предложи дополнувања на Деловникот за одржување онлајн седници

Претседателот на Собранието, Талат Џафери денеска поднесе предлог за дополнувања на собранискиот Деловник, по скратена постапка.

– Имајќи ја во предвид новонастанатата состојба предизвикана од корона вирусот COVID-19, поаѓајќи од уставно загарантираната функција на Собранието на Република Северна Македонија како претставнички орган на граѓаните и носител на законодавната власт на Републиката, кој својата организација и функционирање ги уредува во согласност со Уставот и Деловникот, потребно е одредбите од Деловникот на Собранието да се усогласат спрема новонастанатата здравствена состојба, соопшти собраниската прес-служба.

Предложените измени, посочуваат од таму, се токму во насока на постигнување на таа цел односно, непречено работење на Собранието со овозможување на далечинска односно електронска работа на пратениците со електронско присуство на седниците на Собранието и работните тела, а во исто време овозможување на остварување на претставничката функција.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заради изолација на еден од обвинетите, одложено судењето за „Шпански скали”

Редакција

Нова тура дипломати ќе дојдат во Македонија, Мицкоски вели дека ставот на ВМРО-ДПМНЕ за уставните измени ќе остане ист

Редакција

Што пишува во декларацијата на ВМРО-ДПМНЕ за Гоце Делчев

Редакција