еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Димитров: Во моментов има негативен став од Бугарија, утре нема да се усвои преговарачката рамка

Во моментов имаме негативан став од Бугарија и утре на Советот за општи работи на ЕУ нема да биде усвоена преговарачката рамка за Република Северна Македонија, изјави вицеремиерот за европски прашања Никола Димитров во гостување во „Топ тема“ на Телма.

– Веројатно ќе стане збор за нашето прашање, меѓутоа со оглед на сите изјави, посебно викендов имаше мноштва изјави од Софија по ова прашање, а имајќи ги предвид и процедурите во ЕУ, утре  нема да се носат одлуки. Нема да биде усвоена преговарачката рамка, рече Димитров.

Според последните информации што доаѓаат од ЕУ, германското претседателство нема да ја стави на усвојување преговарачката рамка доколку претходно не се обезбеди консензус, а во овој момент, вели Димитров, јасно е дека имаме негативен став на нашиот источен сосед.

Тој појасни и дека во смисла на процедурирте, состанокот на министрите на земјите членки на ЕУ утре ќе биде виртуелен, нема да бидат во Брисел, нема да седат на една маса, а кога тоа е случај,  согласно внатрешните постапки на ЕУ, тие не можат да носат одлуки.

Можат да дебатираат и да разговараат, но во овој период практично сите одлуки на ЕУ се носат со пишани процедури преку КОРЕПЕР телото на амбасадорите, постојаните претставници на земјите членки при ЕУ, рече Димитров.

Вицепремиерот за европски прашања нагласи дека Владата на С Македонија останува посветена и да бара решение, бидејќи влогот е огромен и за нас, и за ЕУ, а и за Бугарија, но посочи дека нема да се разговара за прашања за кои не може да се разговара како што се јазикот или идентитетот.

МИА/Фото: МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Антикорупциска формирала тим за договорот со „Бехтел и Енка“

Редакција

Најмладото на 48 години: Од Ковид-19 починале 12 лица, дополнително пријавени уште 3

Редакција

Владата сака уставните амандмани да ги дефинира заедно со опозицијата заради национален консензус

Редакција