еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Африм Гаши реизбран за претседател на Алтернатива

Актуелниот претседател на „Алтернатива“ Африм Гаши на денешниот конгрес на партијата доби нов четиригодишен мандат.

– Ова е голема чест и одговорност. Им благодарам на сите членови на Алтернатива. Истовремено, сакам ова да биде успешен мандат, не само за активистите и гласачите на Алтернатива, туку и за сите граѓани. Мислам дека „Алтернатива“ станува еден од најсериозните политички субјекти со намера да придонесе во севкупните политички процеси во државата, изјави Гаши по конгресот.

„Алтернатива“ денеска го одржа првиот конгрес на кој присуствуваа и премиерот Димитар Ковачевски, потпретседателот на Собранието Горан Мисовски, претставници на политички партии од земјава и од Албанија и Косово и претставници од дипломатскиот кор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил Горан Мисовски, кандидатот за нов претседател на НСДП

Горан Мисовски e единствен кандидат за нов претседател на НСДП

МИА/Фото: Фејсбук/Гаши

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мицкоски до новинарите: Прашајте го Груевски за логистиката и личниот шофер во Будимпешта

Редакција

Доктор Беќаровски: Следните осум месеци ќе се добие битката со Ковид-19, жртвувајте ги собирањата за Нова година и Божиќ за спокојно да го дочекаме летото

Редакција

Просечната инфлација лани 9,4%

Редакција