еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Ахмети не го бендиса предлогот на Заев да прави заедничка влада со ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети денеска во тетовско Доброште изјави дека нема дијалози за создавање на, како што рече, некое партнерство за коалиција.

–Мислам дека овие се некои настани кои произлегуват од дневна политика, нема нешто за истакнување, нема некои дијалози или слично за создавање некое партнерство за коалиција.

Опозицијата како и секогаш има цел да ги кажат нивните забелешки, бидејќи улогата на опозиција секаде е иста, да ја унапредат демократијата и да бидат дел од еден важен процес и нивна задача е да дадат несогласување со парламентарното мнозинството, рече Ахмети одговорајќи на новинарско прашање за изјавата на премиерот Зоран Заев за заедничка власт и Влада со опозицијата.

Според него, работите меѓу владините партнери одат добро.

-Има комуникација, има соработка и добра соработка, а позитивните работи се во смисла на актуелните барања за што сме многу ангажирани, како што е владеењето на правото, завршување на преговорите со бугарската страна.

Ако имаме позитивни одговори од европската заедница, кои се земат со нивните анализи за унапрдување на аспирациите на нашата држава кон Европската Унија. Се надевам и верувам дека наскоро ќе се најде едно решение и со бугарската страна во контекстот што побргу да се започнат преговорите за членството на нашата земја во Европската Унија, посочи Ахмети.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ за предлогот на Заев: Може експертска влада, предводена од заеднички прифатлива натпартиска личност

Заев им нуди на ВМРО-ДПМНЕ заедно да прават влада

МИА/Фото: ДУИ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Аудио) „Рекет“ објави нова „бомба“ со Мицкоски и Кичеец

Редакција

Д-р Даниловски: Симптомите на кракен се слични како кај грип или настинка, стари лица со хронични болести се со ризик да завршат во болница

Редакција

Двајца браќа од Охрид нарачале два килограми кокаин од Бразил, дрогата „фатена“ на аеродромот во Скопје

Редакција