еМагазин
Image default
Бизнис

АХВ: Запленети вкупно 4,5 тони путер со поминат рок, утре ќе се уништи на „Дрисла“

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) вечерва соопшти дека се запленети вкупно 4,5 тони путер со поминат рок, кој утре ќе биде уништен на „Дрисла“.

Во соопштението се наведува дека путерот, чиј увозник е млекарницата „Евро Млекара“ од Скопје, е повлечен, бидејќи е утврдено дека рокот на декларацијата не соодветствува со увозната документација за производот според која рокот на употреба бил до 2019 година.

– Агенцијата за храна и ветеринарство изминативе две недели спроведе акција за контрола на млечни производи од увоз во млекарницата „Евро Млекара ДООЕЛ“, Скопје.

Во неколку последователни контроли во млекарницата и кај дел од нејзините дистрибутери, повлечени се вкупно 4.325 килограми увозен путер, за кој е утврдено дека е со изминат рок до 2019 година.

Производот е повлечен, бидејќи е утврдено дека рокот на декларацијата на производот (13.02.2021 година) не соодвествува со увозната документација за производот, според која, рокот на употреба бил до 2019 година, посочува АХВ.

Спроведени се и дополнителни контроли во истата млекарница и кај дел од дистрибутерите при што запленети се нови количества на путер со изминат рок на употреба, со што вкупната количина на запленет увозен путер за кој застапник е оваа млекарница е скоро 4,5 тони.

– Целокупното количество на увозен путер со поминат рок, ќе биде уништено утре на депонијата Дрисла. Контролите од страна на АХВ продолжуваат и во текот на следната недела на повеќе млечни производи од различни домашни и странски млекарници, што се продаваат на македонскиот пазар.

АХВ ќе постапи неселективно и во рамките на своите надлежности кон сите што ги прекршиле законските правила за продажба на производи. Со оваа акција на АХВ е спречено загрозување на здравјето на граѓаните со небезбедни производи, се вели во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Ќе се бориме против криминалот и ќе ги заплениме сите зденки со поминат рок“: Љупчо Николовски на тапет на Твитер за објавата за заплена на путер

Заплената количина на путер „се стопи“ од 4,5 тони на 30 килограми

Фото: Photo by Sorin Gheorghita on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Собранието склучи договор со Енерџи деливери солушнс вреден 767,4 илјади евра

Редакција

Кои се најтргувани акции на Македонската берза во август

Редакција

Засилени инспекции за новогодишните празници: Затворени уште четири угостителски објекти

Редакција