еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Академик Ќулавкова за препораките на историската Комисија: Зар е можно до тој степен Македонците да ги имаат изгубено своите идеали?

Академик Катица Ќулавкова на Фејсбук ги коментира препораките на заедничката историска Комисија со Бугарија.

“Македонците се емпатичен народ, секогаш работеле за доброто на другите народи, нема веќе никакво сомнение (!)

Ќе ви наведам еден пример земен од најновите Препораки на Комисијата за историски теми, а во врска со учебниците за шесто одделение, каде што се кажува нешто навистина битно за евроинтеграциските процеси на Македонија (!).

Сега нема да иронизирам, ќе цитирам:

„Поголема застапеност на проблематика поврзана со античка Тракија и Тракијците ќе придонесе за подобро запознавање на културно-историското наследство во регионот.

Сугестиите за континуитет меѓу античка Македонија и современата македонска држава содржат историски анахронизам.

Сугестиите за институционален континуитет меѓу мисијата на апостол Павле и средновековните црковни структури што постоеле на територијата на денешна РС Македонија се неосновани.

Историските карти на античката македонска држава ќе бидат попрецизни доколку соодветствуваат на конкретен временски период.“

Коментар: прво, Комисијата препорачува дека е неопходно да се „запознае подобро културно-историското наследство во регионот“ поврзано со античката Тракија и Тракијците (територијата на Бугарија), ама затоа – второ – препорачува експлицитно да се изостави било каква назнака за поврзаноста на современа Македонија со античка Македонија и античките Македонци, оти тоа бил, според нив, „анахронизам“; трето, Комисијата тврди дека нема никаква поврзаност меѓу мисијата на апостол Павле на територијата на Македонија и средновековните црковни структури на територијата на денешната македонска држава, па имплицитно не смее да има наставни содржини кои би создавале такви претстави кај младите, и – четврто – според Комисијата, треба да се бираат многу внимателно мапите на античка Македонија, за не дај Боже да се добие впечаток кај учениците дека постои било каква поврзаност на територијата на античка Македонија со територијата на современата македонска држава.

Испаѓа, според кредибилната Комисија дека за образованието на Македонците, античка Тракија е многу поважна од самата Македонија!

Ете во тој стил се македонско – бугарските образовни препораки, да го наречеме ‘позитивно дискриминаторски’ стил!

Не може за едната територија и држава да инсистирате дека постои историска поврзаност (континуитет) со антиката, а за другата обратно, да барате да се избрише секоја трага од антиката (а траги имало и ќе има уште многу).

Направено е селективно прикажувањето на историската стварност, за да се создаде искривена слика на современата (стварност).

Зар е можно до тој степен Македонците да ги имаат изгубено своите идеали? Без идеали нема чувство на национална припадност и тогаш навистина сѐ е можно!“, пишува таа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Псевдонаучни се препораките на Историската комисија, се вели во заедничката изјава на македонските научници и истражувачи

Последиците од препораките ќе бидат долготрајни и особено силно ќе ги почувствуваат следните генерации на Македонци, вели историчарот Жежов

Фото: Ќулавкова/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Гардијан: Најтешка е ситуацијата во Македонија, околу 98% од Европејците дишат загаден воздух

Редакција

Хаварија во велешки „Благој Ѓорев“, мазут заврши во Вардар

Редакција

Португалскиот предлог е македонски јазик за ЕУ, со унилатерална изјава за бугарскиот став, вели Димитров

Редакција