еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Акција: „Донирај книга за патувачката библиотека на МакеДокс“

Од 25 до 29 јуни ќе се одвива акцијата „Донирај книга за патувачката библиотека на МакеДокс“.

Книгите ќе може да се донираат во кафе „Котур“ секој ден од вторник до сабота. Патувачкото магаренце на МакеДокс донираните книги ќе ги прошета до селата кои ќе ги посети, каде луѓето ќе можат да ги позајмат, заменат, прочитаат.

Потоа книгите ќе ги стационираме во основното училиште во Радожда, до следната година, до следното патување на патувачкото магаренце на МакеДокс. Изберете книга, отворете ја рандом, прочитајте некој пасус, затворете очи, замислете некоја убава желба за новиот читател и донесете ја во „Котур“.

Дополнителна мотивација за донација на книгите може да биде и тематската дружба „Кафе и кромид 03“ на МакеДокс и кафе „Котур“, која ќе се одржи на 27 јуни во 20.30 часот, кога ќе биде прикажан филмот „Мажи играчи“. Со купена пијачка или со донирана книга се добива билет за проекцијата.

Документарецот „Мажи играчи“ (Словенија, Хрватска / 2017 / 60′) на режисерот Матјаж Иванишин е весел филм за играњето, за убавината на играта и за мажите што играат. И ден-денес мажите играат крајно сериозно и безгрижно радосни некаде покрај Медитеранот. Режисерот ги следи со сериозна леснотија сè дури не наиде на креативна блокада. За да продолжи, мора да ги преосмисли правилата на игра.

Патувачкото кино на МакеДокс ќе се одржи од 1 до 12 јули околу двете најголеми езера, Охридско и Преспанско езеро од македонската и од албанската страна.

Патувачкото кино на МакеДокс ќе се реализира со поддршка од македонската Агенција за филм, амбасадата на Германија и овозможено е од Western Balkans Fund.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Награда за животно дело за генералниот директор на Адинг – Благоја Дончев

Редакција

(Фото) Во Скопје се отвора најголемата игротека под отворено небо

Редакција

Новите Jaguar F-Pace и Range Rover Evogue ќе ги пречекаат гостите на Британска амбасада

Редакција