еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Ако Германија толку многу ги почитува македонскиот јазик, идентитет и култура, што не донесе деклација во Бундестагот за тоа

Додека специјалниот пратеник на Владата на Германија за Западен Балкан, Мануел Сарацин, кој беше во посета на Македонија почна да ни излегува и од фрижидер со убедување оти уставните измени за да се внесат Бугарите во македонскиот Устав се предуслов и се дел од договорот со Европската Унија (ЕУ) и дека без нив нема ништо, во соседна Бугарија забрзано работат на нова декларација против Македонија.

Повторно влада неможат да направат, ама декларации за Македонија се штанцат на големо.

Ги тргнаа сите проблеми на своите граѓани настрана и успеаа да донесат уште една и на последниот ден од распуштањето на претходниот состав на Собранието. И тоа не за било кој. За Македонец кој преку ноќ се освести и почна да се чуствува како Бугарин и доби бугарски, т.е. пасош на ЕУ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Како Пендиков стана бугарски државјанин: Сценарио за Холивуд

Сарацин, кој и самиот призна дека Македонија изгубила многу време и по вина на ЕУ, неколку пати во своите јавни настапи повтори дека Германија ги почитувала македонскиот јазик, идентитет и култура.

Супер. Штом е така, што не донесе Германија деклација во Бундестагот дека ги почитува македонскиот јазик, идентитет и култура, па да и контрира на Бугарија, членка на ЕУ, која не признава ништо од тоа и дури донесе декларација за тоа.

Па нејзиниот пример да го следат и другите членки на ЕУ, па сите да и покажат на Бугарија што се европски вредности.

Е тогаш ќе и веруваме на ЕУ, оти досега бројни пати од неа добивме само лажни ветувања. Со праќањето на емисари да не заплашуваат тешко дека ќе и веруваме, оти и тие самите велат дека никој неможе да гарантира што следно ќе ни приреди источниот сосед.

Ќе веруваме кога ќе имаме црно на бело.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Раст на инвестициите, продажбата и профитот: Што предвидува бизнис планот на Алкалоид за годинава

Редакција

Продадени два блока од 20.000 акции на Комерцијална банка за 1,9 милиони евра

Редакција

(Фото) И Богданци има џиновско велигденско јајце

Редакција